strumica denes logo

ВО ПЕТТИ ПАТ ВО СТРУМИЦА, ЕКО АКЦИЈА „ЧИСТИ РИДОВИ ЗА СИТЕ“ НА 29 МАРТ ВО НЕДЕЛА!

Автор:

Датум:

март 26, 2026

Автор:

Датум:

март 26, 2026

На ден 29-ти март 2026 година (недела) со почеток во 10.30 ќе започне еко акцијата со почетна локација при РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица, од каде групата ќе се упати по асфалтниот пат “Лозињата – Чамчифлик”, за на крај да се пристигне до месноста т.н. Стрелиште.

Предвидено е собраниот смет учесниците да го одложат во вреќи за отпад покрај патот на предвидената рута, од каде со возила на комуналните претпријатија понатаму сметот ќе биде собран и одложен во соодветните депонии.

Ја користиме оваа прилика да ве поканиме сите вас – љубители на прироdata, и сите заинтересирани граѓани, кои сакате почиста околина, кои сте спремни да одвоите дел од вашето слободно време да се вклучите во оваа акција и сите заедно и организирано да и вратиме нешто на нашата прекрасна природа.

Повик и до останатите три општини од струмичката котлина Општина Василево, Општина Босилово, Општина Ново Село да се приклучат на оваа иницијатива како и секоја година на локации каде што Вам ви е најнеопходно.