strumica denes logo

ВИКАРНИОТ ЕПИСКОП СТОБИСКИ ЈАКОВ ВО ПОСЕТА НА „КОМУНАЛЕЦ“ И ПШС „БЕЛАСИЦА“ – СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

март 24, 2026

Автор:

Датум:

март 24, 2026

Викарниот Епископ Стобиски Јаков на покана на директорите, ги посети ЈКП „Комуналец“ – Струмица и ПШС „Беласица“ – Струмица, при што оствари средби со раководствата и вработените во двете претпријатија.

Во рамки на посетата, Епископот се сретна со заменик-генералниот директор на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, со раководителот на подружницата „Беласица“, Никола Тренчовски, како и со директорот на ЈКП „Комуналец“, Кире Синдраковски. На средбите присуствуваа и колективите на двете институции.

За време на разговорите, Неговото Преосвештенство ги сослуша предизвиците со кои секојдневно се соочуваат вработените, истакнувајќи ја важноста на нивната работа за функционирањето на заедницата. Притоа нагласи дека Црквата секогаш стои на располагање како духовна поддршка и прибежиште за сите граѓани.

Посетата помина во пријателска и конструктивна атмосфера, со взаемна подготвеност за понатамошна соработка и поддршка.