strumica denes logo

МВР вечерва апси актуелен директор, примал мито, завршил со лисици!

Автор:

Датум:

март 19, 2026

Автор:

Датум:

март 19, 2026

Неофицијално, службите за борба против организиран криминал при БЈБ уапсиле актуелен директор на државна институција, фатен при барање и примање мито од ни помалку ни повеќе 50.000 евра. Дали делувал сам или зад случајот стои поширока мрежа, ќе покаже официјалната истрага и информациите од надлежните институции.

Според неофицијални информации, станува збор за директор на Државниот инспекторат за земјоделие Васе Анакиев. Оваа акција е дел од определбата да се води битка против корупцијата неселективно и непристрасно, неофицијално брифираат од органите кои ја спроведуваат акцијата.