strumica denes logo

ДВАЈЦА ВОЗАЧИ ВО СТРУМИЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА – ВОЗЕЛЕ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ!

Автор:

Датум:

март 17, 2026

Автор:

Датум:

март 17, 2026

Во изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на државата лишиле од слобода девет возачи поради безобѕирно управување со возило, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според МВР, од вкупниот број приведени, седум управувале возило без возачка дозвола, додека двајца биле затекнати како возат под дејство на алкохол.

Меѓу санкционираните, двајца возачи биле приведени во Струмица поради управување возило под дејство на алкохол. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Воедно, од МВР упатија апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.