strumica denes logo

ПРЕМИЕРА ВО СТРУМИЦА НА 19 МАРТ: „ОХРИДСКИ ЛУДОРИИ“ НОСИ 90 МИНУТИ СМЕА, МУЗИКА И ЗАБАВА!

Автор:

Датум:

март 17, 2026

Автор:

Датум:

март 17, 2026

Во Струмица на 19 март со почеток во 20:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе се одржи премиерата на новиот македонски филм „Охридски лудории“, музичко-хумористична комедија која ветува незаборавна вечер исполнета со смеа и добра музика.

Станува збор за филм во кој учествуваат познати фолк пејачи и артисти, а приказната изобилува со македонска традиционална музика и хумористични сцени сместени во еден од најубавите градови – Охрид. Преку динамични случувања и интересни заплети, филмот ги прикажува убавините на Охрид и Охридското Езеро, ставајќи ги во центарот на вниманието како вистинска туристичка и културна разгледница.

Во текот на околу 100 минути, гледачите ќе имаат можност да уживаат во постојана комбинација од песна и хумор, очекувајќи во секој момент нова музичка изведба или комична ситуација. Дел од приказната се и интересните односи, кавги и недоразбирања помеѓу пејачите и актерите, кои дополнително ја збогатуваат содржината.

Кулминацијата на филмот се случува на фестивалската сцена, каде што ќе се открие кои учесници ќе добијат можност да патуваат во Дубаи – момент што носи дополнителна возбуда и неизвесност.

„Охридски лудории“ е филм кој на интересен и забавен начин ја промовира македонската песна, традицијата и природните убавини, а според најавите, публиката ја очекуваат над 90 минути чиста смеа и забава.

Влезниците се по цена од 200 денари и можат да се набават на билетарата.