Во духот на почитта, солидарноста и заедништвото што ги носат рамазанските денови, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, заедно со амбасадорот на Република Турција во Македонија, Фатих Улусој, присуствуваа на ифтарска вечера организирана за пријателите од исламска вероисповед.
Настанот помина во пријатна и пријателска атмосфера, исполнета со меѓусебна почит, разбирање и искрени пораки за соживот и толеранција. Присуството на градоначалникот Андонов и амбасадорот Улусој испрати силна порака за важноста на заедништвото, почитувањето на различностите и градењето мостови на пријателство меѓу луѓето.
Од Општина Василево порачаа дека токму ваквите средби ја потврдуваат определбата за негување на соживотот и заедничко делување во насока на развој и напредок на локалната заедница.
Воедно, беше упатена и порака до граѓаните да продолжат да се почитуваат, да останат сплотени и заедно да придонесуваат за силна и развиена општина Василево, како и за просперитетна Македонија.
На крајот, беа упатени искрени желби до сите верници за добро здравје, мир и со радост да го дочекаат претстојниот празник.



























