strumica denes logo

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АНДОНОВ ГО ПОСЕТИ СЕМЕЈСТВОТО ИСИНОВ ОД ГРАДОШОРЦИ ЧИЈ ДОМ БЕШЕ ЗАФАТЕН ОД ПОЖАР – ОПШТИНА ВАСИЛЕВО ЌЕ ПОМОГНЕ ФИНАНСИСКИ!

Автор:

Датум:

март 16, 2026

Автор:

Датум:

март 16, 2026

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес го посети семејството на Нијази Исинов од селото Градошорци, чиј семеен дом неодамна беше зафатен од пожар.

При посетата, Андонов се запозна со последиците од несреќата и со состојбата во која се наоѓа семејството. Како што посочи тој, глетката што ја затекнал била навистина тешка, но во вакви моменти најважно е да се покаже солидарност, човечност и поддршка.

Градоначалникот истакна дека општина Василево ќе излезе во пресрет на семејството и ќе помогне со финансиска поддршка, со цел полесно да ги надминат последиците од пожарот и штетата што ја претрпеле.

„Во тешките моменти мора да бидеме заедно и да си подадеме рака“, порача Андонов, нагласувајќи дека локалната самоуправа останува посветена на грижата за своите граѓани.

Од општината потенцираат дека ќе продолжат да стојат покрај граѓаните во вакви ситуации, со цел да се помогне таму каде што е најпотребно и да се гради заедница која се грижи за своите луѓе.