На 14.03.2026 година, во село во струмичко, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 34-годишен жител и 29-годишна жителка на селото. Претходно, 29-годишната жена пријавила дека во нивниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг, додека подоцна и сопругот пријавил дека бил нападнат од неговата сопруга. Двете лица се задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
БРАЧНА КАВГА ВО СТРУМИЧКО: СОПРУЖНИЦИ СЕ НАПАДНАЛЕ МЕЃУСЕБНО – ДВАЈЦАТА СЕ ПРИВЕДЕНИ ОД ПОЛИЦИЈАТА!




























