strumica denes logo

ТРЕТА ПОБЕДА ДЕНЕСКА – СТРУМИЧАНЕЦОТ ПЕТРЕ ВЕЛКОВ СЕ ВРАЌА СО ЗЛАТЕН МЕДАЛ ОД ИТАЛИЈА!

Автор:

Датум:

март 13, 2026

Автор:

Датум:

март 13, 2026

Струмичкиот кик-боксер Петре Велков оствари голем меѓународен успех на престижниот турнир „WAKO World Cup Italy“, кој се одржа во Италија, освојувајќи го златниот медал во својата категорија.

По победата во четвртфиналето против Heschemi Zahed од Швајцарија и триумфот во полуфиналето над Гартнер Ерик од Словенија, Велков денеска беше најуспешен и во големото финале, каде ја заокружи својата одлична серија со максимални 3 победи од 3 меча и заслужено се искачи на највисокото место на победничкиот пиедестал.

Со овој извонреден резултат, Петре Велков уште еднаш го потврди својот квалитет, борбеност и подготвеност, достојно претставувајќи ги Струмица, клубот К1 Арена, Василево и Македонија на големата меѓународна сцена.

Освоеното прво место и златниот медал се уште една голема потврда за неговата успешна спортска приказна, но и за квалитетната работа во кик-боксот во овој регион.