НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица ја информира јавноста дека се отпочнати заштитни археолошки истражувања долж трасата на интерконективниот гасовод меѓу Република Македонија и Република Грција, на потегот од КМ 00 до КМ 38,5.
Истражувањата се реализираат во соработка со НУ Музеј – Гевгелија, а се финансирани од АД НОМАГАС Скопје.
Во моментот, на терен активно работи стручен тим од НУ Завод и Музеј – Струмица, заедно со стручен тим од НУ Музеј – Гевгелија, со цел навремено евидентирање, документирање и соодветна заштита на евентуалното археолошко културно наследство на овој простор.
Од Музеј – Струмица посочуваат дека ваквите активности имаат особено значење за зачувување на културното наследство, особено кога се спроведуваат паралелно со реализација на капитални инфраструктурни проекти од национално значење.



























