Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, оствари средба со британскиот амбасадор во Македонија, Метју Лосон, кој престојуваше во официјална посета на Струмица.
На средбата биле потврдени одличните билатерални и пријателски односи меѓу двете земји, при што градоначалникот Јанков го запознал амбасадорот со карактеристиките и потенцијалите на Струмица, нејзината историска, културна и економска важност, како и со можностите за унапредување на взаемната соработка во повеќе области од заеднички интерес.
Соговорниците разговарале и за можностите за продлабочување на соработката на локално ниво, особено во делот на економскиот развој, образованието, културата и размената на искуства во локалната самоуправа.
На средбата било истакнато дека ваквите контакти се значајни за градење нови партнерства и за унапредување на соработката меѓу институциите и граѓаните.
Градоначалникот Јанков му се заблагодари на амбасадорот Лосон за посетата и за изразената подготвеност за поддршка и соработка во идните заеднички иницијативи.



























