Халкбанк АД Скопје, денес, 09 март 2026 година официјално ја отвори својата нова експозитура во Струмица, лоцирана на ул. Климент Охридски бр. 51 ј. Со ова отворање, банката го зајакнува своето присуство во југоисточниот регион и дополнително ја унапредува достапноста на банкарските услуги за населението и бизнис заедницата.
Новата експозитура е целосно оперативна и нуди комплетен спектар на банкарски производи и услуги – од платен промет и благајничко работење, до кредитирање, депозитни производи, услуги поврзани со платежни картички и финансиско советување. Просторот е современо уреден и организиран со цел да обезбеди ефикасна услуга, поголема функционалност и пријатна средина за клиентите.

Отворањето на оваа локација претставува дел од пошироката стратегија на Халкбанк за континуирано ширење и оптимизација на деловната мрежа, со фокус на локален пристап, персонализирана услуга и долгорочна поддршка на економската активност во заедниците во кои банката работи.

Со оваа инвестиција, Халкбанк ја потврдува својата посветеност да биде стабилен финансиски партнер, достапен и блиску до клиентите, не само преку дигитални канали, туку и преку современи физички експозитури кои овозможуваат директна комуникација и поддршка.




























