По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ-Струмица организираше пригодно дружење посветено на жената, нејзината сила, храброст и вредност во општеството.
Од Унијата истакнаа дека жената не е само симбол на љубов, грижа и посветеност, туку и двигател на позитивните промени и еден од најважните столбови на секое успешно општество.
Во рамки на одбележувањето на празникот, беше упатена благодарност до градоначалникот Петар Јанков, како и до советниците и директорите, за поддршката и почитта што ја покажуваат кон жените.
Од Унија на жени Струмица порачаа дека и понатаму ќе продолжат заедно, посилни, похрабри и пообединети, со јасна определба за унапредување на улогата и значењето на жената во општеството.
Среќен 8 Март, порачаа од Унија на жени Струмица.



























