strumica denes logo

СВР СТРУМИЦА СО ПЕТ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ИЗМИНАТИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ!

Автор:

Датум:

март 8, 2026

Автор:

Датум:

март 8, 2026

Во изминатите две недели, Министерството за внатрешни работи поднело вкупно 21 кривична пријава за 25 кривични дела поврзани со семејно насилство, а меѓу секторите со најголем број поднесени пријави е и СВР Струмица, каде биле поднесени пет кривични пријави.

Според информациите од МВР, во наведениот период на територијата на целата држава биле пријавени 39 настани поврзани со кривични дела од семејно насилство, како и 63 поплаки во врска со семејно насилство. Од вкупниот број поднесени пријави, шест биле реализирани по брза постапка.

Во распределбата по сектори за внатрешни работи, покрај петте кривични пријави на СВР Струмица, СВР Скопје поднело пет, СВР Куманово две, СВР Штип три, СВР Охрид четири, а по една пријава поднеле СВР Тетово и СВР Велес.

МВР информира дека најголем дел од регистрираните кривични дела поврзани со семејно насилство се однесуваат на „загрозување на сигурноста“, со вкупно 11 случаи, како и 10 случаи на „телесна повреда“. Регистрирани биле и по еден случај за „тешка телесна повреда“, „неизвршување судска одлука“, „противправно лишување од слобода“, „обид за убиство“ и „полов напад и силување“.

Дополнително, на подрачјето на СВР Скопје биле поднесени и пет кривични пријави за родово базирано насилство, од кои три за „загрозување на сигурноста“ и две за кривичното дело „демнење“. Во овие случаи биле изречени пет мерки притвор и една мерка на претпазливост.

Од Министерството посочуваат дека во споредба со претходните години, во 2025 година е забележан тренд на зголемување на бројот на изречени мерки притвор во рамки на кривичните пријави поднесени по брза постапка, а тој тренд продолжува и во 2026 година, особено по законските измени.

За случајот со „обид за убиство“ во Скопје, сторителот бил лишен од слобода, а надлежните преземаат интензивни мерки за целосно документирање на настанот и поднесување соодветна кривична пријава.