strumica denes logo

ОВА Е ЛУДОСТ: Адвокатот кој ги брани правата на Македонците во Бугарија прогласен за национална закана!

Автор:

Датум:

март 7, 2026

Автор:

Датум:

март 7, 2026

Адвокатот Тони Менкиноски соопшти дека бугарските власти му изрекле забрана за влез во Бугарија во траење од 10 години, наведувајќи дека претставува закана за националната безбедност.
Одлуката му била врачена на 6 март 2026 година на граничниот премин Златарево, кога се обидел да влезе во земјата.

Менкиноски посочува дека мерката е донесена без конкретно образложение и смета дека е поврзана со неговата работа како адвокат кој ги застапува Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

„Прогласувањето на адвокат за закана за националната безбедност затоа што ги брани човековите права претставува опасен преседан за Европа“, изјави Менкиноски и најави дека ќе ја оспори одлуката и дека за случајот ќе ги информира македонските институции, како и европски и меѓународни организации за човекови права.