strumica denes logo

Со чартер-летови Владата ќе ги враќа Македонците од Блискиот Исток!

Автор:

Датум:

март 5, 2026

Автор:

Датум:

март 5, 2026

Со чартер-летови Владата ќе ги враќа македонските државјани од кризниот регион на Блискиот исток. Обезбедени се милион евра, почната е постапката за јавна набавка за организација на евакуација.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека заклучно со денес, вкупно 632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток.

Од нив, 136 лица се пријавени во Доха, додека бројката во Абу Даби континуирано се зголемува и во моментов изнесува околу 477 лица.

Во дипломатско конзуларното претставништво во Абу Даби се финализираат техничките и логистичките детали за евакуација на нашинците од Обединетите арапски емирати и Катар.

„Во однос на македонските државјани во Израел, бројката останува непроменета. За дел од нив (вкупно 6 лица), со посредство на Министерството е завршена евакуацијата и тие на сопствена режија заминале кон Скопје. Останатите шест лица, кои изразиле подготвеност за евакуација, веќе се транспортирани по копнен пат од Израел во Египет, со асистенција на дипломатско-конзуларните претставништва. Тие се сместени на безбедна локација, во хотел на товар на државата, а се очекува во текот на утрешниот ден со владиниот авион безбедно да полетаат кон Скопје“, соопштуваат од Министерството.

Дел од нашите сограѓани за МТВ, велат дека засега немаат потреба од евакуација.

Од МНР апелираат македонските државјани во погодените региони доколку сè уште не го сториле тоа да исконтактираат со надлежното конзуларно претставништво или на сос- бројот на Министерството.