strumica denes logo

НАПАДНАТ МАЛОЛЕТНИК ПРЕД УЧИЛИШНА САЛА ВО СТРУМИЦА – ОДЗЕМЕНИ МУ СЕ ПАРИТЕ И МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН!

Автор:

Датум:

февруари 26, 2026

Автор:

Датум:

февруари 26, 2026

На 25.02.2026 во 21:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода А.Р.(18) и С.Џ.(22), двајцата од Струмица, а на службен разговор во присуство на родител е повикан 17 – годишен малолетник од Струмица. Според пријавеното, тројцата околу 18:55 часот пред училишна спортска сала во Струмица физички нападнале малолетник од Струмица, при што му одзеле пари и мобилен телефон. Додека, во момент кога се пронајдени од полициските службеници, биле затекнати како заедно користат марихуана. А.Р. и С.Џ. се задржани во Полициската станица Струмица и за случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.