strumica denes logo

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕТАР ЈАНКОВ УЧЕСТВУВАШЕ ВО ЗАСАДУВАЊЕ САДНИЦИ ВО ООУ „МАРШАЛ ТИТО“ ВО БАНСКО!

Автор:

Датум:

февруари 25, 2026

Автор:

Датум:

февруари 25, 2026

Градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, учествуваше во акција за засадување садници во дворот на ООУ „Маршал Тито“ во населеното место Банско, при што беше извршено хортикултурно уредување на училишниот простор.

Во рамки на активноста, учениците имаа можност да проследат и едукативни предавања посветени на нивната улога во зачувувањето на животната средина и значењето на одговорното однесување кон природата.

Настанот беше организиран во рамки на проектот „Зелена иднина: од градинка до училиште“, кој dm drogerie markt го реализира во партнерство со Македонското еколошко друштво.

Јанков порача дека Општина Струмица ќе продолжи да ги поддржува сите иницијативи насочени кон унапредување на животната средина, како и создавање поквалитетен и побезбеден простор за престој и развој на децата во општината.