strumica denes logo

БРАНКО ДОСТИНОВ ЌЕ БИДЕ ИМЕТО НА НОВОТО ГРАН ПРИ ПРИЗНАНИЕ НА СТРУМИЧКИОТ КАРНЕВАЛ НАРЕДНАТА ГОДИНА!

Автор:

Датум:

февруари 25, 2026

Автор:

Датум:

февруари 25, 2026

На Струмички карневал 2026 беа наградени најдобрите маски, со што официјално беше заокружен еден од највпечатливите сегменти од карневалските денови. По доделувањето на признанијата, учесниците и публиката продолжија во карневалски ритам со дефиле по струмичкото корзо, носејќи ја атмосферата низ центарот на градот и споделувајќи ја радоста со сите присутни.

Од Организацискиот одбор на Струмички карневал информираат дека од следната година ќе биде воведена и нова, највисока награда – ГРАН ПРИ, која ќе го носи името на Бранко Достинов.

Со ова признание, карневалот добива уште еден значаен симбол и дополнителен поттик за креативност, автентичност и уште повисок уметнички израз кај учесниците.

Фото: Столе Ангелов