strumica denes logo

ЗАПОЧНА СЛАВНИОТ СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ – ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕТАР ЈАНКОВ ЈА ПРЕДАДЕ ВЛАСТА НА КАРНЕВАЛЏИИТЕ!

Автор:

Датум:

февруари 19, 2026

Автор:

Датум:

февруари 19, 2026

Со свеченото предавање на клучот и симболичната предавање на власта на карневалџиите, вечерва официјално започна Струмички карневал. На Градскиот плоштад „Гоце Делчев“, градоначалникот Петар Јанков им го предаде клучот на претставниците на карневалската организација, со што се означи почетокот на карневалските денови исполнети со традиција, хумор и маскенбалска атмосфера.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Настанот привлече бројни граѓани и гости, а центарот на Струмица беше во знакот на музика, забава и карневалски дух. Организаторите најавија богата програма во наредните денови, со низа активности и дефилеа што ќе ја раздвижат карневалската сцена и ќе ја продолжат долгогодишната традиција на градот.