Во пресрет на карневалските случувања, вечерва ќе се одржи свечениот чин на предавање на клучот на карневалџиите од страна на градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, со што симболично ќе биде означен стартот на карневалските денови во Струмица.
Настанот е закажан на Градскиот плоштад „Гоце Делчев“, во среда (18 февруари), со почеток во 18:00 часот. Со предавањето на клучот, карневалџиите традиционално ја преземаат „власта“ во градот, а започнува и официјалната програма што ја најавува највеселата манифестација во Струмица.
Ве очекуваме во голем број. Сите на нога!

























