strumica denes logo

УЧЕНИЦИ ОД ООУ „ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ“ – СТРУМИЦА, СО СЦЕНСКА ИЗВЕДБА ПОСВЕТЕНА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ!

Автор:

Датум:

февруари 4, 2026

Автор:

Датум:

февруари 4, 2026

Со сценската изведба „Раѓањето и детството на Гоце Делчев“, реализирана во форма на бинарен театар, беше одбележан јубилејот посветен на раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев. Настанот беше исполнет со достоинство, емоција и силна порака за значењето на историското паметење.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

По тој повод, учениците од V и VIII одделение од ООУ „Видое Подгорец“ – Струмица, подготвија впечатлива сценска приказна која на суптилен, но моќен начин ја прикажа најраната животна фаза на Гоце Делчев. Преку внимателно осмислена драмска изведба, публиката беше поведена низ клучните мигови од неговото детство, исполнети со човечка топлина, тишина и длабока симболика.

Овој значаен културно-образовен проект е реализиран во соработка со Завод и Музеј – Струмица и Библиотеката „Благој Јанков Мучето“, како пример за заедничка посветеност во негувањето на историската меморија и пренесувањето на трајните вредности на младите генерации.

Изведбата не претставуваше само театарски чин, туку и силно емотивно патување низ почетоците на еден од најзначајните македонски револуционери, нагласувајќи ги правдата, достоинството и љубовта кон татковината како вредности што и денес остануваат актуелни и неопходни.

  • Banner