Оваа јубилејна година, по повод 35 години активно учество на Струмичкиот карневал, Цветко Багашовски заедно со своето семејство повторно ќе биде дел од карневалската магија, претставувајќи се со вкупно пет карневалски маски – три поединечни и две групни.
Семејството Багашовски е препознатливо по својата посветеност, креативност и автентичен пристап кон карневалската традиција. И годинава, публиката со нетрпение ги очекува нивните уникатни, рачно изработени креации од природни материјали, инспирирани од современа, но воедно и изворна тема.
Со своето долгогодишно присуство и континуиран придонес, семејството Багашовски останува еден од симболите на Струмичкиот карневал, потврдувајќи дека карневалот не е само манифестација, туку традиција што се негува и пренесува од генерација на генерација. 🎭
ФОТО; Столе Ангелов
























