strumica denes logo

БЕЗ КОМПРОМИС СО БЕСПРАВНАТА ГРАДБА: ОТСТРАНЕТИ ДИВОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ КАЈ „НИКОЛА КАРЕВ“ ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

јануари 31, 2026

Автор:

Датум:

јануари 31, 2026

Во текот на денешниот ден Градежната инспекција при Општина Струмица спроведе акција за отстранување на бесправно изградени објекти на катастарска парцела бр. 5586, КО Струмица, во непосредна близина на ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“, која е во сопственост на Република Македонија‼️

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Со решителна и транспарентна постапка беа отстранети сите објекти изградени спротивно на законските прописи. Оваа акција е јасна порака дека јавниот интерес и владеењето на правото се приоритет. ✅

📌Општина Струмица останува доследна во спроведувањето на законите и заштитата на јавниот простор, а инспекциските служби ќе продолжат со активности и во наредниот период.

📌 Правиме чекори со кои се гради доверба меѓу институциите и граѓаните и се потврдува определбата за уреден, современ и законит град.

  • Banner