Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска го посети фармерот Никола од струмичкото село Костурино, кој за време на обилните дождови претрпел голема штета и го загубил своето стадо на овци и јагниња.
Како што информира Трипуновски, во разговорот со фармерот било посочено дека Општина Струмица веќе има формирано комисија за процена на штетите настанати од невремето, по што ќе следуваат понатамошните чекори согласно законските процедури.
„Согласно законот и процедурите, Никола ќе биде обесштетен од страна на Владата“, соопштил министерот, додавајќи дека паралелно ќе се работи и на дополнителна поддршка за побрзо закрепнување на фармата.
Тој најави дека преку Сојузот на одгледувачи на овци, како и со поддршка од општествено одговорни компании, ќе се обезбеди помош за обновување на фармата и продолжување на производството.
























