Вечерва, во координирана акција на вработени од надлежните служби, ШПС Струмица и полициски службеници од МВР Струмица, одземени се возила кои, според информациите од терен, биле користени од добро организирана група која во изминатиот период предизвикала значителна штета на планината Огражден.
Како што информираат од службите, станува збор за возила за кои подолг период пристигнувале бројни реакции и пријави од граѓани. Жителите и посетителите на подрачјето, според нивните наводи, често ги забележувале на терен, поради што биле преземени активности за проверка и постапување.
Од институциите посочуваат дека акцијата е резултат на заедничка работа и координација, со цел зголемена контрола и спречување на нелегални активности на Огражден.
Се најавува дека надлежните ќе продолжат со засилени теренски контроли и понатамошни мерки согласно законските процедури.




























