Струмица повторно има причина за гордост! Градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, ја пречека во својот кабинет младата и исклучително талентирана Тина Русева – струмичанката која со својата музика чекори од локалната сцена до европските врвови.
Тина неодамна го освои првото место на The Voice of Europe, а кон крајот на минатата година остави силен впечаток и на The Voice of Germany, потврдувајќи дека талентот, трудот и вербата во себе носат големи резултати.
Со посветеност и искрена љубов кон музиката, таа достојно ја претставува Струмица и Македонија на меѓународната сцена, и е жив доказ дека со упорност – соништата стануваат реалност.
Општина Струмица останува силна поддршка на младите и успешни луѓе кои го промовираат нашиот град на најубав можен начин.
























