strumica denes logo

ВАСИЛЕВО СО ГОЛЕМО СРЦЕ: ПРЕДАДЕНА ПОМОШ ОД 136.000 ДЕНАРИ ЗА ВЛАТКО МИТЕВ!

Автор:

Датум:

јануари 21, 2026

Автор:

Датум:

јануари 21, 2026

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов го посети својот сограѓанин Влатко Митев и му ја предаде собраната помош од хуманитарниот настан што се одржа пред црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Василево.

Анодонов посочи дека Василево уште еднаш покажало дека знае да биде сплотено, солидарно и хумано кога е најпотребно, нагласувајќи дека со заеднички сили и отворени срца граѓаните ја покажале својата човечност.
На Митев му биле предадени средства во вкупна вредност од 136.000 денари, како поддршка и надеж дека во оваа борба не е сам.

Градоначалникот упати благодарност и до друштвото „Баделци“ за организацијата на настанот, истакнувајќи дека заедништвото е најголемата сила на локалната заедница.

„Заедно сме посилни. Василево знае што значи хуманост и заедништво“, порача Андонов.

  • Banner