Ленче Чиркова е именувана за директор во ООУ „Маршал Тито“ – Струмица, со што ѝ е укажана доверба за понатамошно унапредување на воспитно-образовниот процес и институционалниот развој на училиштето.
Чиркова е дипломиран историчар со 35 годишно работно искуство како наставник по историја. Во досегашната работа, таа реализирала бројни активности и има учествувано на повеќе натпревари, со што дала значаен придонес во воспитно-образовниот процес.
Со високо ниво на посветеност, одговорност и професионалност, секогаш подготвена да преземе работни обврски. Чиркова ужива почит и доверба кај учениците и колегите, што претставува предизвик за успешно реализирање на оваа функција.
Со ова именување, ООУ „Маршал Тито“ – Струмица ќе продолжи со унапредување и продолжување на успесите и современите образовни практики.
























