strumica denes logo

КСЕНИЈА ГРАМАТИКОВА Е НОВ ДИРЕКТОР НА ООУ „САНДО МАСЕВ“ – СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

јануари 20, 2026

Автор:

Датум:

јануари 20, 2026

Ксенија Граматикова е дипломиран професор по географија, со завршен Природно-математички факултет – насока географија. Дипломирала во 1991 година, а од 1998 година е вработена како наставничка по географија во ООУ „Сандо Масев“, каде што со години е дел од образовниот процес и воспитно-образовните активности на училиштето.

Во текот на својата професионална кариера, таа учествувала на бројни стручни усовршувања, со цел континуирано надградување на знаењата и применување современи методи во наставата. Зад себе има и повеќе освоени награди и признанија на општински, регионални и републички натпревари, како резултат на посветена работа со учениците и постигнати успеси во наставата.

Со назначувањето на новата директорка, се очекува ООУ „Сандо Масев“ да продолжи со унапредување на квалитетот на наставата и развојот на училишните активности во интерес на учениците и целата училишна заедница.

  • Banner