strumica denes logo

СТРУМИЧАНКАТА ТИНА РУСЕВА Е ПРВА ВО ЕВРОПА – „ТHE VOICE OF EUROPE 2025“ ДОБИ НОВА ЅВЕЗДА – ГОЛЕМИ ЧЕСТИТКИ, СЕКОЈА ЧЕСТ!

Автор:

Датум:

јануари 18, 2026

Автор:

Датум:

јануари 18, 2026

Струмица има нова причина за гордост. Младата и талентирана Тина Русева го освои првото место на престижното музичко натпреварување „The Voice of Europe 2025“, оставајќи силен впечаток со својот вокал, сценски настап и емоционална интерпретација.

Во силна конкуренција од учесници од повеќе европски земји, Русева успеа да се истакне и да стигне до самиот врв на натпреварувањето, добивајќи пофалби и од жирито и од публиката.

Овој резултат претставува значаен успех не само за Тина, туку и за Струмица, која уште еднаш покажа дека има млади луѓе со европски квалитет и голем потенцијал на музичката сцена.

  • Banner