strumica denes logo

ВАЖЕН АПЕЛ ОД КОМУНАЛЕЦ: НЕ ФРЛАЈТЕ ПЕПЕЛ И ЖАР ВО ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ!

Автор:

Датум:

јануари 18, 2026

Автор:

Датум:

јануари 18, 2026

ЈПКД „Комуналец“ – Струмица упати апел до граѓаните строго да не одлагаат друг вид отпад на местата кои се наменети исклучиво за пепел и жар. Како што информираат од претпријатието, овие локации не се предвидени за комунален отпад, а нивната неправилна употреба може да предизвика сериозни проблеми и несакани последици.

Дополнително, од „Комуналец“ апелираат пепелта и жарта да не се фрлаат во подземните контејнери, со цел да се спречат оштетувања на опремата и можни појави на пожари.

Од претпријатието потенцираат дека одговорното однесување на граѓаните е од исклучително значење за безбедноста на сите и за заштита на комуналната инфраструктура во градот.

  • Banner