Поради настанат технички проблем со дел од механизацијата, ЈПКД Комуналец ги информира жителите на населените места Сачево и Муртино дека дошло до задоцнување во редовното подигање на комуналниот отпад.
Од јавното претпријатие упатуваат извинување до граѓаните за настанатата непријатност и апелираат за разбирање. Подигањето на сметот ќе продолжи веднаш по надминување на проблемот и ставање на механизацијата во функција.
























