strumica denes logo

МИРНА НОВОГОДИШНА НОЌ ВО СТРУМИЦА БЕЗ КРИВИЧНИ ДЕЛА И СООБРАЌАЈНИ НЕСРЕЌИ!

Автор:

Датум:

јануари 1, 2026

Автор:

Датум:

јануари 1, 2026

Во текот на новогодишната ноќ на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица, односно на подрачјата на општините Струмица, Босилово, Ново Село и Василево, полициски службеници од СВР Струмица преземаа засилени мерки и активности со цел одржување на јавниот ред и мир и заштита на безбедноста на граѓаните.

СВР Струмица информира дека за време на новогодишната ноќ не се пријавени кривични дела против животот и имотот на граѓаните, нарушувања на јавниот ред и мир, ниту сообраќајни несреќи со потешко повредени и загинати лица.

СВР Струмица и во иднина ќе продолжи со континуирано преземање на мерки за заштита на безбедноста на граѓаните и одржување на стабилна безбедносна состојба.