Струмица ја започна Новата 2026 година со најубавата вест. Утрово, во 07:20 часот, на Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа Болница – Струмица, на свет дојде првото новороденче во општината за оваа година.
Станува збор за женско бебе, родено со тежина од 3.950 грама и должина од 52 сантиметри. Среќната мајка е Катерина Тодорова од Струмица, која по професија е докторка, а ова е нејзино трето дете.
Породувањето помина во најдобар ред, под стручен надзор на д-р Никола Ѓузелов и дежурниот медицински тим на одделението.
Тимот на „Струмица Денес“ на новороденчето му посакува безгрижно детство, а на семејството Тодорови многу здравје, среќа и радосни моменти со новиот член. Нека е жива и здрава!



























