strumica denes logo

КАРАТЕ СПЕКТАКЛ НА СТРУМИЧКИОТ КЛУБ „ШИХАН“ ВО ЛЕСКОВАЦ НА „УНСУ ОПЕН 2025“

Автор:

Датум:

декември 24, 2025

Автор:

Датум:

декември 24, 2025

Карате клубот „Шихан“ оствари историски успех на меѓународниот турнир „УНСУ ОПЕН 2025“, кој се одржа викендов, на 21 декември 2025 година во Лесковац, Србија.

Во конкуренција на над 300 натпреварувачи, каратистите на „Шихан“ настапија со високо ниво на дисциплина, борбеност и спортски дух, освојувајќи вкупно 52 медали: 26 златни, 10 сребрени и 16 бронзени.

Круна на настапот претставува признанието дека Карате клубот „Шихан“ е прогласен за најдобар клуб на турнирот во Србија, за што клубот доби специјално признание и победнички пехар.

Од клубот посочуваат дека резултатот е плод на посветената работа на натпреварувачите, како и на стручниот тренерски тим кој континуирано ги подготвува и води кон врвни достигнувања. Воедно, изразена е благодарност и до родителите за поддршката, довербата и мотивацијата, кои, како што велат, се важен дел од успехот.

Со овој резултат, „Шихан“ уште еднаш го потврди својот квалитет на меѓународната сцена и достојно го претстави клубот и Македонија на турнирот во Лесковац.