Специјални контејнери за селектирање на текстилен отпад, кои се донација од фирмата „ЕКО-ТЕКС“ ГРУП Д.О.О. Скопје, се поставени на неколку локации во Струмица со цел поттикнување на реупотреба и рециклирање и намалување на количините текстилен отпад што завршуваат во мешаниот комунален отпад.
Контејнерите за текстилен отпад се поставени на следните локации:
🟢ООУ „Никола Вапцаров“
🟢ДСУ РЦСОО „Никола Карев“
🟢СОУ „Јане Сандански“
🟢СОУУД „Димитар Влахов“
🟢ООУ „Маршал Тито“
🟢Црвен крст – Струмица
🟢Дом на АРМ
Општина Струмица продолжува со реализација на активности насочени кон заштита на животната средина и подигнување на еколошката свест кај граѓаните.























