strumica denes logo

АЛБУМИ СТАРИ РЕЧИСИ ЕДЕН ВЕК И АВТОГРАМИ: ФУДБАЛСКА РИЗНИЦА ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

декември 22, 2025

Автор:

Датум:

декември 22, 2025

Во Хотел „Горан Пандев“ во Струмица се одржа изложбата „Macedonia Collectors Show 2025“, која собра колекционери од повеќе градови во државата и љубители на фудбалската историја. Настанот го посетија Владимир Ристов, советник во Советот на Општина Струмица и заменик градоначалник на Општина Струмица, претседателот на ОФС Илија Илиев – Ромата, фудбалската легенда Горан Пандев, како и други советници.

Според Ристов, изложбата претставувала ретка можност јавноста да види уникатни и тешко достапни примероци од струмичката, македонската и светската фудбалска историја – дел од нив и како единствени изработки во светски рамки. Посебно внимание привлекле експонатите со културно-наследна вредност, кои, како што беше посочено, имаат значење и како национален интерес.

На изложбата биле презентирани и едни од најстарите албуми со фудбалски сликички, дел од нив стари речиси еден век, како и материјали со лични автограми од фудбалери кои оставиле трага на светската сцена.
Во рамки на поставката, посетителите имале можност да видат и ретки сликички и картички поврзани со фудбалските легенди од Струмица, меѓу кои Благој Истатов, Рингов, Горан Пандев, Попов, Грначаров, Стојков, Балдовалиев и други.

Од Општина Струмица беше упатена благодарност до колекционерите од целата држава за нивниот придонес во зачувувањето и презентирањето на спортското наследство, кое има значајна вредност за локалната и пошироката јавност.