strumica denes logo

„КОМУНАЛЕЦ“ СО АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ВО СОУ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ И ООУ „САНДО МАСЕВ“

Автор:

Датум:

декември 16, 2025

Автор:

Датум:

декември 16, 2025

ЈПКД „Комуналец“ денес реализираше сеопфатна акција за расчистување и уредување на просторот во СОУ „Јане Сандански“ и ООУ „Сандо Масев“.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во рамки на активностите беше извршено отстранување на отпад, расчистување на дворното и околното подрачје, како и подобрување на целокупната хигиена во и околу училишните објекти. Со интервенцијата се создаваат подобри услови за работа и престој, односно почиста, побезбедна и поквалитетна средина за учениците и наставниот кадар.

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека и во наредниот период ќе продолжат со вакви интервенции, во соработка со образовните институции, со цел унапредување на јавната хигиена и општата благосостојба во заедницата.

  • Banner