strumica denes logo

СОВЕТОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ДИСКУТИРАШЕ ЗА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ВО СТРУМИЦА: НАЈКРИТИЧНО ВО ЈУГОИСТОЧНИОТ ДЕЛ ОД ГРАДОТ, ЌЕ СЕ БАРА СИСТЕМСКО РЕШЕНИЕ!

Автор:

Датум:

декември 16, 2025

Автор:

Датум:

декември 16, 2025

Со новиот состав на Локалниот совет за превенција на Општина Струмица се одржа седница посветена на проблемот со аерозагадувањето, на која се разговараше за квалитетот на амбиентниот воздух, како и за мерките и активностите што веќе се преземаат и што дополнително ќе се реализираат во наредниот период.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Од Советот посочија дека заедничкиот заклучок од дискусијата е оти најголемо загадување се регистрира во југоисточниот дел на градот и дека е неопходно да се пристапи со конкретни мерки за ублажување на состојбата. Како што беше нагласено, проблемот не е нов и во последните години бележи раст, поради што е потребно долгорочно и системско решение.

Меѓу мерките што беа наведени е и субвенционирање на клима-инвертери со донации, како и поголемо вклучување на јавните институции во надминувањето на проблемите поврзани со загадениот воздух.

Од Општина Струмица информираа дека општинските инспектори се секојдневно на терен и вршат вонредни инспекциски надзори во соработка со СВР Струмица, при што се поднесени соодветни пријави, вклучително и кривична пријава за одредени случаи на загадување. Надзорите, како што беше истакнато, ќе продолжат и во следниот период.

На седницата беше презентирана и анализа за загадувачите на воздухот во Струмица, според која најголемо учество има согорувањето на биомаса, со годишно учество од 35 отсто, при што во зимскиот период се надминуваат дозволените гранични лимити. Како втор значаен извор на загадување се наведува сообраќајот, согласно анализата изработена од акредитирана лабораторија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

  • Banner