Римските терми во Бања Банско кои потекнуваат од античкиот период ќе бидат заштитени од надворешните атмосферски влијанија. Со пари од ЕУ од Програмата за прекугранична соработка со соседна Грција, ќе се гради челична кровна конструкција над целиот локалитет кој за првпат е откриен во 1978 година. Римските терми во Бања Банско каде се откриени десетина простории на околу 1 000 метри квадратни, се едни од ретките сочувани римски споменици од ваков вид во Европа, пишува Дрнка.МК портал

„Таму покрај челичната конструкција се предивдени и други активности. Се планира подигање на потпорни ѕидови, поставување инфо пунктови за туристи кои ќе доаѓаат за посета, потоа изградба на патеки внатре каде што ќе се движат посетителите за да се запознаат со оваа кутлурно населедство а исто така е предвидено и поставување фотоволтаици кои ќе го снабдуваат со електрична енергија локалитетот„ кажа директорот на Завод и музеј Струмица Бранко Ѓорѓиев, стои во текстот на Дрнка.МК портал.
Целосната вест може да ја прочитате со кликнување на следниот линк: https: https:drnka.mk
Извор на текст и фотографии: Дрнка.МК портал























