strumica denes logo

Кривична пријава против седум лица од Струмица поради „загрозување на животната средина со отпад“

Автор:

Датум:

декември 12, 2025

Автор:

Датум:

декември 12, 2025

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против А.Ш.(43), Е.Д.(28), К.И.(19), Е.И.(44), А.Ј.(27), А.Д.(31) и Ф.К.(18), сите од Струмица, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „загрозување на животната средина со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Пријавените лица неовластено тргувале со отпад, односно се занимавале со откуп на отпадни метални предмети и хаварисани возила од разни физички лица, по што вршеле механичко одвојување, сортирање на делови и екстракција на метали, кои подоцна ги носеле во регистрирани отпади, односно кај правни субјекти кои вршат дејност складирање и третман на отпад или кај пријавениот А.Ш., каде ги продавале по повисока цена со цел да остварат материјална корист. Исто така, А.Ш. вршел и складирање на отпадни работи во непосредна близина на неговото живеалиште во Струмица и ги организирал останатите пријавени лица да вршат откуп на отпадни метални работи од трети лица и да му ги продаваат нему.

За таа цел им давал на користење возила во кои товарале и носеле отпадни работи, а за негови потреби останатите пријавени лица вршеле и транспорт на веќе одвоените и сортирани метални предмети до овластени отпади и слично, за што А.Ш. им плаќал определен паричен надомест.

  • Banner