strumica denes logo

СЛАВЕ АНДОНОВ: ВАСИЛЕВО ОД ПРЕЗАДОЛЖЕНА ОПШТИНА ДО РЕДОВНА ИСПЛАТА НА СУБВЕНЦИИ!

Автор:

Датум:

декември 10, 2025

Автор:

Датум:

декември 10, 2025

Општина Василево ги реализира субвенциите за граѓаните по сите основи, информираа од локалната самоуправа. Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, ги потпиша решенијата за исплата на субвенции за првачињата, за набавка на велосипеди и за новороденчињата, со што средствата веќе се префрлени на сметките на корисниците.

Од општината посочуваат дека парите во буџетот на Општина Василево се пари на граѓаните и токму затоа се враќаат повторно кај нив, преку мерки за финансиска поддршка на семејствата и подобрување на животниот стандард. Поддршката на младите, квалитетот на живеење и зачувувањето на достоинството на секој еден жител, се издвојуваат како врвни приоритети на локалната самоуправа.

Градоначалникот Андонов потсетува дека од првиот ден ја поставил целта Општина Василево да стане место каде младите ја гледаат својата иднина. Како резултат на, како што беше нагласено, одговорното и домаќинско работење, од презадолжена општина денес Василево успева за прв пат да исплаќа субвенции по повеќе основи и истовремено да инвестира таму каде што е најпотребно – во граѓаните и во подобро утре за локалната заедница.

  • Banner