strumica denes logo

Билјана Серафимовска и Васко Атанасов со Општина Струмица во заедничка мисија за младите!

Автор:

Датум:

декември 5, 2025

Автор:

Датум:

декември 5, 2025

По иницијатива на градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, продолжува зајакнувањето на соработката со млади, докажани и перспективни личности од градот, со цел да се отвори патот кон нови вредности и можности за младите генерации.

Во неговиот кабинет денеска беше потпишан Меморандум за соработка со Фондација „Нова Генерација“, претставена од Билјана Серафимовска и Васко Атанасов. Ова партнерство поставува нови основи за поддршка на младите таленти од Струмица.

Билјана Серафимовска е препознаена како една од легендите на македонскиот младински алпинизам и спортско качување, со освоени бројни светски врвови. Васко Атанасов, пак, важи за најмладиот тренер во земјава кој успеал да освои титула во кошаркарскиот спорт и моментално е дел од најуспешниот македонски кошаркарски клуб.

Со овој Меморандум, Општина Струмица и Фондацијата се обврзуваат на заедничка поддршка, помош и координација при реализација на активности од заеднички интерес. Паралелно со Меморандумот, беше потпишан и првиот Договор за соработка, кој предвидува обезбедување дополнителна поддршка за редовните ученици од основните и средните училишта во Струмица.

„Струмица станува град кој инвестира во знаењето, талентот и иднината на младите генерации“, порача градоначалникот Јанков, истакнувајќи дека општината ќе продолжи со силна поддршка за образованието и развојот на младите.

  • Banner