Компанијата „Астра“, со 25 години успешно работење, чесност и доверба, го проширува својот тим и објавува оглас за работна позиција касиeр/ка во Струмица. Како работодавач кој континуирано се грижи за своите вработени, „Астра“ нуди стабилна работа и фер услови, со јасно дефинирани обврски и поддршка од искусен тим.
Новите членови на тимот ќе имаат можност за професионално напредување, работа во динамична и флексибилна работна средина и уживање во позитивна работна атмосфера. Компанијата обезбедува и организирана обука, како и бонуси и награди за залагањето и постигнатите резултати.
Сите заинтересирани може да се јават на следните телефонски броеви: 070 298 827 и 070 396 861 или своите апликации може да ги испратат на: rabota@astra.mk и astrastrumica@astra.mk

























