„Елеуса Фондација“ организира хуманитарен настан насловен „Хуманитарен концерт на добрината – За Нина“, со цел да се обедини заедницата и да се соберат средства во поддршка на малата Нина. Пораката на организаторите е јасна: да се сплоти љубовта и заеднички да ѝ се помогне Нина да му се радува на животот како и сите деца.
На концертот ќе настапат ВИС „Стихири“ и Летната школа за гитара „Џоко Ѓоргиев“, кои со свои музички изведби ќе ја бојат вечерта во духот на солидарност и човечност. Настанот ќе се одржи на 14 ноември (петок) со почеток во 19:00 часот, во Дом на култура „Антон Панов“ – Струмица.
Влезницата за концертот изнесува 250 денари, а сите собрани средства ќе бидат наменети за поддршка на Нина. Картите се пуштени во продажба и можат да се набават на билетарата во НУЦК „Антон Панов“ и во Оптика „Сфера“.
Организаторите упатуваат повик до сите граѓани, институции и компании да ја покажат својата хуманост и преку присуство на концертот, да станат дел од заедничката мисија – Нина да има безгрижно детство исполнето со радост и надеж.

























