strumica denes logo

ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НАЈМНОГУ СЕ ПИЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Автор:

Датум:

октомври 26, 2025

Автор:

Датум:

октомври 26, 2025

Истражувањето за навиките на македонските потрошувачи открива што најчесто се пие во земјава – и резултатите навистина изненадуваат. Дневно, 16% од граѓаните пијат газирани сокови, 18% негазирани, а дури четворица од десет секој ден консумираат минерална вода во шише.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во споредба со 2024 година, во 2025 се бележи пораст кај сите пијалаци. Најмладите (18–24 години) покажуваат најголем скок во консумацијата на минерална вода – од 89% на 98%, а раст има и кај негазираните сокови, од 87% на 95%. Дури и највозрасните (65+) пијат повеќе минерална вода – од 83% во 2024 на 90% во 2025 година.

Овие податоци покажуваат дека Македонците стануваат сè посвесни за здравјето и хидратацијата. Сепак, газираните сокови сè уште се омилен избор – 30% од испитаниците ги издвојуваат како најпосакуван пијалак. Веднаш зад нив се 100% овошните сокови (18%), негазираната вода (16%) и газираната вода (14%).

Мажите повеќе се наклонети кон газирани пијалаци (33%), додека жените покрај газираните сокови со шеќер (27%), сè почесто избираат овошни сокови (21%).

Кога станува збор за видот на сок, најпопуларни се оние со 100% овошје (31%), потоа овошните нектари со 25–99% овошна содржина (26%), додека само 12% пијат сокови со вештачки ароми.

Интересно е што 15% од граѓаните воопшто не пијат негазирани сокови, а најголем дел од нив се мажи. Очигледно, Македонија се повеќе ја заменува шишето со сок – со шише вода.

  • Banner