На 16.09.2025 на регионален пат помеѓу селата Сарај и Петралинци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.В.(59) од село Дабиле, струмичко. Тој се сомничи дека околу 19:00 часот подметнал пожар на арско ѓубре во нива помеѓу селата Дабиле и Петралинци, сопственост на В.С.. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. С.В. е задржан во Полициската станица Струмица и во службен разговор го признал делото.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото изврши екипа на СВР Струмица. По целосно расчистување на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.