strumica denes logo

Уапсен крадец во Струмица – среде ноќ влегол во продавница, ги земал парите од каса и си заминал!

Автор:

Датум:

септември 17, 2025

Автор:

Датум:

септември 17, 2025

На 15.09.2025 во 07:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.М.(46) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 03:30 часот во продажен објект на бул.„Маршал Тито“ во Струмица одзел пари од касата и го напуштил местото.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени предмети поврзани со извршеното дело.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.