Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, соопшти дека започнува реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за населеното место Радичево – изградба на фекална канализација за целото село.
Со потпишувањето на договорот со изведувачот „Жикол“ од Струмица, се отвора ново поглавје кое ќе придонесе за поквалитетен и подобар живот на жителите на оваа населба.
„Како градоначалник си стојам на зборот – ветеното се исполнува,“ истакна Андонов, нагласувајќи дека овој проект претставува исполнување на едно од најважните ветувања кон граѓаните на Радичево.
Од Општина Василево најавуваат дека по завршувањето на овој проект, следно ќе започне изградба на канализација и во населените места Градошорци и Владиевци.